Медиум: ЕУ ќе продолжи да зависи од рускиот гас

Европа сметаше дека ќе раскрсти со зависноста од рускиот гас, но сега, откако Москва и Анкара се помирија, стана јасно дека таа ќе остане, пишува „Форбс“.

„Резултат од обновата на пријателските односи меѓу Русија и Турција е останувањето на зависноста на Европа од рускиот природен гас во догледна иднина“, истакнува авторот на статијата Елен Р. Волд.

Европа виде во претходното влошување на односите меѓу Русија и Турција шанса да премине на други извори на енергија и на тој начин да престане да зависи од руските испораки на енергија.

Но геополитичката ситуација се менува брзо, истакнува Волд. Русија и Турција се помирија и обновениот сојуз ќе ѝ помогне на Москва да ги реализира нејзините енергетски планови.

Авторот истакнува дека Европа има можност да премине на други извори на енергија – на пример, на американски природен гас, но сите алтернативи на рускиот гас бараат од неа дополнителни трошоци.

„Иако Европа, веројатно, би сакала да се ослободи од геополитичкото влијание на Русија, сепак евтиниот руски гас создава навика. И за Европа, како и за сите други робови на навиките, ќе биде речиси невозможно да се откаже од робата до која има лесен пристап“, заклучува авторот во својата статија за „Форбс“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња