Ердоган: Турција подготвена да се бори против ИД во Сирија заедно со Русија

Турската војска со поддршка од меѓународната коалиција почна воена операција за „чистење“ на сирискиот град Џараблус од терористите на ИД.

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека Анкара е подготвена да преземе заеднички чекори во Сирија како со меѓународната коалиција, така и со Русија.

„Турција е подготвена да преземе заеднички чекори со силите на меѓународната коалиција и со Русија“, изјави Ердоган, пренесува „Взгљад”.

Тој исто така изјави дека воената операција „Штитот на Еуфрат” која турската војска ја почна на северот на Сирија, има за цел да ги отстрани заканите од страна на терористичката организација „Исламска држава“ и силите на сириските Курди.

Претходно во средата министерот за внатрешни работи на Турција Ефкан Алал изјави дека операцијата на турските сили на северот ќе трае до ликвидирање на заканата од „Исламската држава“ во реонот на Џараблус.

Турската војска со поддршка од меѓународната коалиција почна воена операција за „чистење“ на сирискиот град Џараблус од терористите на ИД. Турските авиони извршија напади врз терористите, додека турските специјални сили ја преминаа границата и навлегоа на територијата на Сирија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња