Турција не ѝ ја дава на користење базата „Инџирлик“ на Русија

Русија не е членка на НАТО и затоа не може да ја користи базата Инџирлик, изјави вицепремиерот на Турција Нуман Куртулмуш.

Русија нема право да ја користи авиобазата Инџирлик која се наоѓа на територијата на Турција, затоа што со тој објект располага НАТО, а РФ не е членка на Алијансата. Ова во вторникот, 23 август го изјави турскиот вицепремиер Нуман Куртулмуш, пренесува „Ројтерс“.

„Инџирлик е база на НАТО. Русија не е членка на НАТО, затоа користењето на оваа база не е возможно за Русија“, изјави Куртулмуш.

Претходно на 20 август вицепремиерот на Турција Бинали Јилдирим изјави дека е можно присуството на руска војска во авиобазата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња