Русија не планира да ги користи воените бази на Јемен

Русија нема да ги распоредува своите авиони и техника во Јемен, изјави за „Руска реч на македонски“ анонимен извор во одбранбено-индустрискиот комплекс на Русија.

„Тоа е уште една страна раскината од граѓанската војна. Во Јемен треба да се префрла не само авијација, туку и цел воен контингент за заштита на нашите војници. Таквата одлука би била непромислена и би довела до мноштво политички и воени проблеми“, изјави соговорникот на „Руска реч на македонски“.

Претходно некои медиуми соопштија дека поранешниот претседател на Јемен Али Абдула Салех ѝ понудил на Русија да ги користи воените бази, аеродроми и пристаништа на земјата. Тие се повикуваа на интервју кое Салех наводно го дал за телевизија „Русија 24“. Меѓутоа на сајтот на телевизијата такво интервју нема. Изјавата на Салех следеше истовремено со завршувањето на борбените летови на стратешката и јуришната авијација на РФ од територијата на Иран кои траеја неколку дена.

Зборовите на соборениот претседател на Јемен немаат легитимна сила, а распоредувањето на контингент во Јемен исто така ќе доведе до заострување на односите со Саудиска Арабија и САД, објаснува изворот на „Руска реч на македонски“.

„Човекот сака да се врати на власт и се обидува да ги искористи за тоа сите средства. Русија нема да се меша во конфликтот во Јемен“, истакна соговорникот.

Поранешниот претседател на Јемен Али Абдула Салех беше соборен во 2011 година, Во текот на „арапската пролет“, сепак новата власта и нејзината ориентација кон сунитската Саудиска Арабија и САД доведоа до уште еден излив на незадоволство во општеството.

На крајот на 2014 година во земјата започна граѓанска војна. На почетокот на следната година групата на Зејдитите „Ансар Ала“ го зазеде главниот град на Јемен Сана и привлече на своја страна значителен дел од националната армија.

На крај беше формиран Револуционерен совет, кој на 14 август ја смени новата влада –Врховниот политички совет (ВПС).

Поддршка на новите револуционерни сили им даде и соборениот претседател Али Салех, кој се надева дека ќе се врати на власт.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња