Русија има намера да го постави прашањето за заштитата на христијаните на Блискиот Исток во текот на претстојната сесија на Генералното собрание на ООН, изјави ополномоштениот за човекови права, демократија и владеење на правото Константин Долгов.
„Активно работиме на сите меѓународни сцени за заштита на христијаните и отпор на христијанофобијата и во ООН, и во Советот на ООН за човекови права. Се разбира, тие напори ќе ги продолжиме и во рамките на сесијата на ООН, и во третиот комитет кој се занимава со прашањата за човековите права, и во Генералното собрание, и во советот на ООН за човекови права чија следна сесија ќе се одржи есенва“, изјави Долгов на „тркалезната маса“ во МИА „Русија денес“ истакнувајќи дека во моментов не може да се впушта во конкретни детали.
Долгов потсети дека претходно „РФ заедно со Ватикан и Либан иницираше во рамките на советот на ООН за човекови права многу важна средба, по која беше потпишан документ кој стана еден од стимулативните документи за активирање на меѓународната соработка“, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче