Последиците од ударот кој САД можеа да го изведат во Сирија пред три години ќе беа катастрофални. Русија успеа да спречи таков развој на настаните, наговорувајќи го претседателот на Сирија Башар Асад да се откаже од хемиското оружје, изјави денеска министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров.
„Страшно е да се замисли каде ќе беа сега не само преносните противвоздушни системи и другото конвенционално оружје, туку и залихите на оружјето за масовно уништување“, ги цитира неговите зборови ТАСС.
Лавров додаде дека Западот сѐ уште не е свесен за последиците од своите операции на Блискиот Исток и во Северна Африка.
„Никој не знае кај кои точно терористи сега се наоѓаат грабнатите во Либија преносни противвоздушни системи“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче