Украина ќе се суди со Русија поради Крим

Според зборовите на шефот на украинската дипломатија Павло Климкин, Киев ќе поднесе тужба по повод непочитувањето на нормите на поморското право од страна на Русија и ќе докаже дека РФ ги прекршила законите за финансирање на тероризам.

Киев има намера во најскоро време да поднесе во меѓународни судови тужби по повод кршењето од страна на Русија на обврските во рамките на Конвенцијата на ООН за поморско право, изјави министерот за надворешни работи на Украина Павло Климкин, пренесува „Интерфакс“.

Шефот на украинската дипломатија во понеделникот на состанокот со украинските амбасадори изјави дека во најскоро време Украина ќе поднесе до меѓународните судови „судски случај во врска со прекршувањето од страна на Русија на нејзините обврски во рамките на Конвенцијата за поморско право“.

„Следниве недели ќе преминеме на тоа, за да докажеме во рамките на арбитражата по соодветните консултации дека Русија ги прекршила обврските во рамките на Конвенцијата за забрана за финансирање тероризам. Задолжително ќе докажеме дека тоа што се случува на територијата на времено окупираниот Крим е реална дискриминација“, изјави Климкин.

На 11 август Климкин изјави дека Украина ја завршила подготовката за судска арбитража со Русија за прашањето на суверените права во водите околу Крим.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња