САД ќе се придржуваат до „планот А“ за соработка со Русија во Алепо

САД немаат намера да се откажуваат од „планот А“ за соработката со Русија во сириски Алепо и да преминуваат на резервната варијанта, изјави во понеделникот портпаролот на Пентагон Питер Кук.

„Имаме намера да се фокусираме на „планот А“, изјави тој на брифингот кога новинарите го прашаа за можноста за преминување на „планот Б“, пренесува РИА „Новости“.

Според Кук, наведениот план („А“) подразбира „соработка со Русија и апел за преземање чекори за подобрување на многу сложената ситуација во околината на Алепо“.

Притоа портпаролот на Пентагон потенцираше дека САД немаат некакви крајни рокови за прекин на дискусиите. „Нема да се ограничуваме на некаков календарски рок“, изјави тој. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња