На сајтот на весникот на списокот со репрезентации со вкупен број освоени медали, зад репрезентацијата на Кина на третото место се наоѓа репрезентацијата на Германија на петтото место. Притоа, четвртото место, кое го освоија руските спортисти, во материјалот на „Билд“ е игнорирано.
„Исто кога весникот ги смета своите читатели за идиоти. Веројатно, и за 1945 година овие скрибомани напишале дека нивната земја се искачила на почесното 2 место“, напиша вицепремиерот, алудирајќи веројатно на победата на СССР над фашистичка Германија.
Рогозин го нарекува весникот „Билд“ русофоб и претпоставува дека за него Русија е „како 13 ред кај некои суеверни авиокомпании“.
Претходно на 2о јули „Билд“ соопшти дека ќе ги игнорира сите победи на руската репрезентација на Олимпијадата во Рио во знак на протест против „употребата од страна на спортистите на допинг, која се вршела под контрола на владата и специјалните служби“, пишува „Лента.ру“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче