Специјалниот претставник на претседателот на Русија за Блискиот Исток и Африка, заменик-министер за надворешни работи на Русија Михаил Богданов на средбата во Џида во неделата со министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија Адел Ал-Џубеир и министерот за одбрана на земјата Мухамед Бен Салман дискутираше за сириското решение, ситуацијата на Блискиот Исток, како и за можностите за развој на билатералната соработка.
„Во текот на одржаните содржајни разговори беше разгледан широк круг прашања за понатамошниот развој на руско-саудиските односи, вклучувајќи и активирање на политичките контакти и зголемување на заемната соработка во економската, енергетската, инвестициската, хуманитарната и други сфери“, се вели во изјавата на руското МНР што ја пренесува РИА „Новости“.
Претставниците на двете земји разменија мислење за актуелната блискоисточна агенда, беше потврдено заемното расположение на Москва и Ријад за продолжување на напорите за зближување и координација на дејствијата во билатерален формат и на мултилатерални полиња.
„Особено внимание беше посветено на отворената и детална размена на процените и причините за настанатата воено-политичка и хуманитарна ситуација во Сирија, Јемен и на палестинските територии“, се истакнува во соопштението на МНР РФ.
Во текот на средбата главниот акцент беше ставен на потребата од најскоро прекинување на насилствата и барање политичко решение за конфликтите во регионот, се потенцира во соопштението.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче