Портпаролот на МНР Иран Бахрам Хашеми изјави дека руските ВКС ги прекинале летовите во Сирија од авиобазата Хамадан, соопшти агенцијата „Тасним“.
„Во моментов користењето од страна на Русија на иранската авиобаза Хамадан е прекинато“, пишува агенцијата на својата страница на „Твитер“.
„Тоа беше конкретна санкционирана мисија и сега е завршена. Тие ја реализираа и сега ја напуштија базата“, ги цитира зборовите на Хашеми агенцијата „Франс Прес“.
Хашеми не исклучува дека е можно во иднина руските воени авиони да реализираат летови од Иран. Сепак тој истакна дека „тоа ќе зависи од ситуацијата во регионот и ќе произлегува од нашата (на Иран) дозвола“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче