Министерството за одбрана на Иран планира на преговорите во Москва да се концентрира на купување авиони „Сухој”, изјави министерот за одбрана на таа земја, бригадниот генерал Хусеин Дехган.
„Ние немаме потреба од други системи за ПВО со далечен радиус на дејствување (покрај С-300 и Бавар-373), не планираме да набавуваме повеќе вакви системи. Но на дневен ред на Министерството за одбрана на Исламската република Иран се консултации со Русија на тема купување авиони „Сухој“. Потребно ни е да го зајакнеме нашето воено воздухопловство“, изјави иранскиот министер за одбрана, пренесува „Взгљад“.
Според него, комплексното тестирање на противавионскиот ракетен систем „Бавар-373” ќе биде реализирано во најскоро време. „На барање на претседателот (на Иран Хасан Рухани), првиот тест ќе биде гаѓање на балистичка ракета. Во случај на успешно тестирање системот преминува во сериско производство и до крајот на годината почнува неговото распоредување на борбено дежурство”, соопшти министерот.
Во неделата во Техеран беше одржан саем на достигнувањата на воената индустрија на Иран. На саемот првпат на јавноста ѝ беше презентиран иранскиот систем „Бавар-373”, кој, според тврдењето на ирански извори, е пандан на рускиот систем С-300. Исто така беше претставен и првиот ирански турбомлазен мотор „Оуџ“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче