Русија четврта по бројот на медали на Олимпијадата во Рио

Репрезентацијата на Русија нема да биде под четвртото место според бројот на медали на Олимпијадата 2016 во Рио де Жанеиро.

Репрезентацијата на Русија нема да биде под четвртото место според бројот на медали на Олимпијадата 2016 во Рио де Жанеиро. Ова стана познато откако Русинките го освоија златото во групно натпреварување во уметничка гимнастика, пренесува РИА „Новости“.

Вкупно во моментов руските спортисти имаат освоено 19 златни, 18 сребрени и 19 бронзени медали. Тие се недостижни за најблискиот конкурент според бројот на медали – репрезентацијата на Германија. Германците имаат шанси да е израмнат според бројот на златни медали со Русија, но сепак заостануваат според бројот на освоени сребрени и бронзени медали.

Лидер според бројот на медали е репрезентацијата на САД – таа засега има 43 злата, како и 37 сребрени и 38 бронзени медали.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња