„Злосторството во екот на свадбената прослава потресува со својата суровост и цинизам. Уште еднаш се уверивме дека тероризмот не ги признава не само законите на цивилизирано општество, туку и најосновните норми на човековиот морал“, се вели во соопштението објавено на сајтот на Кремљ.
Путин потенцира дека инцидентот уште еднаш потсетува на потребата за обединување на напорите на земјите во борбата против тероризмот. Тој изрази сочувство до ужалените семејства и им посака брзо закрепнување на повредените.
Според последните извештаи, 50 лица станаа жртви на терористичкиот напад извршен на 20 август, а десетици се повредени. Бомбаш-самоубиец активирал експлозивна направа на свадба. Ердоган изјави дека во нападот може да биде вмешана „Исламската држава“, пишува „Лента.ру“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче