Пушков: САД се уморни од „киевската хистерија“

Претходно во четвртокот претседателот на Украина Петро Порошенко изјави за можноста на „потполна руска инвазија по сите азимути“, ветувајќи дека „ќе даде отпор“.

Шефот на комитетот за меѓународни работи на Државната дума на РФ Алексеј Пушков ја коментираше изјавата на Пентагон адресирана до украинските власти во врска со распоредувањето на руските сили на Крим и на границата со Украина, истакнувајќи дека САД се измориле од „киевската хистерија“.

Претходно портпаролот на Пентагон Џеф Дејвис изјави дека преместувањето на руските сили на Крим и на границата со Украина не претставуваат знаци за подготовка за инвазија. „Ние не го гледаме „еднорогот“ кој многумина го бараат, таа идеја дека треба да се случи некакво масивно краткорочно зголемување на силите или нивно преместување“, изјави Дејвис.

„Министерството за одбрана на САД го повика Киев да не бара на своите граници „еднорог“, односно закана од руска инвазија. Изгледа дека САД се измориле од киевската хистерија“, напиша Пушков на својот профил на Твитер.

Претходно во четвртокот претседателот на Украина Петро Порошенко изјави за можноста на „потполна руска инвазија по сите азимути“, ветувајќи дека „ќе даде отпор“, пишува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња