Јилдирим: Русија би можела да ја користи базата Инџирлик

Базата Инџирлик ја користат силите на САД, Катар, Германија, како и другите земји-членки на меѓународната коалиција.

Премиерот на Турција Бинали Јилдирим изјави дека Русија не се обратила со барање да ја користи базата Инџирлик на југот на Турција, но во случај на потреба таа би можела да биде искористена, соопшти агенцијата „Анадолу“.

Како одговор на новинарско прашање, премиерот истакна дека руската страна не се обратила до Турција со барање да ја користи базата Инџирлик на југот на Турција. Тој додаде дека во случај на потреба базата Инџирлик може да се користи, како и дека смета дека нема потреба Русија да ја користи базата.

„Турција ја отвори базата Инџирлик за борба против терористите на ИДИЛ. Ја користат САД и Катар. Други земји исто така би можеле да посакаат да ја искористат авиобазата, во неа исто така дејствуваат и Германците. Што се однесува до Русија, таа не бараше такво нешто. Мислам дека за тоа нема потреба. Затоа што во Сирија има две бази. Растојанието е помало од 100-150 километри. Затоа на информациите од тој тип не треба да им се верува“, објасни Јилдирим.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња