Руски бродови со ракети „Калибар“ гаѓаа цели во Сирија

Ракетните бродови на Црноморската флота на Русија извршија три истрелувања на крстосувачки ракети „Калибар“ врз цели на терористичката група „Џебхат ан-Нусра“ во Сирија, соопштува Министерството за одбрана на Русија.

Малите ракетни бродови „Зелен Дол“ и „Серпухов“, кои се наоѓаат во источниот дел на Средоземното море“, го реализираа гаѓањето во 10:55 часот наутро, пренесува РИА „Новости“.

Како резултат на нападот се уништени команден пункт и база на терористите во околината на населеното место Дар-Тааза, како и погон за производство на муниција за минофрлачи и голем склад за оружје во провинцијата Алепо. Според податоците на објективната контрола на резултатите од нападите, планираните цели се уништени.

Рускиот одбранбен ресор истакнува дека коридорот за летот на ракетите бил над ненаселена територија за да се осигура безбедноста на цивилното население.

Русија првпат ги употреби крстосувачките ракети со голем дострел „Калибар“ во октомври 2015 година. Тогаш група бродови од Касписката флотила истрела врз позициите на терористите во Сирија 26 ракети од тој тип. Растојанието што го поминаа ракетите беше поголемо од 1500 километри.

Видеото од лансирањето на ракетите можете да го проследите овде.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња