Путин: Киев донесе одлука да ја заостри ситуацијата

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека партнерите во Киев очигледно донеле одлука да ја затрат ситуацијата.

Отворајќи го состанокот на Советот за безбедност на РФ, на кој покрај членовите на Советот за безбедност учествуваше и политичкиот претставник на претседателот во Јужниот федерален округ Владимир Устинов, Путин истакна дека тема на состанокот ќе бидат дополнителните мерки за безбедност на жителите и гостите на Крим, пишува „Взгљад“.

„Јасно е дека се собравме поради познатиот повод, по познатиот инцидент – по пресекувањето на обидот за навлегување на територијата на диверзантски единици на украинската армија. Судејќи според сѐ, нашите партнери во Киев донесоа одлука да ја заострат ситуацијата и јасно е зошто го сторија тоа“, изјави Путин.

„Начинот на заострување на ситуацијата им е добро познат на сите, се применува од старо време. Понекогаш и успешно, не секогаш“, истакна претседателот на РФ.

Путин смета дека во Киев ќе надвладее здравиот разум и додаде дека Москва нема намера да ги прекине односите со Украина.

„Ние немаме намера да ги прекинеме нашите односи, без оглед на желбата на сегашните власти во Киев да се имаат целосни дипломатски односи на ниво на амбасадори, ние сепак ќе создаваме можности за развој на контактите и нивно одржување“, додаде шефот на руската држава, пренесува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња