Пентагон не гледа на концентрирањето на руските сили на границата со Украина како на непосредна закана од воена инвазија, соопштува „Вол Стрит Џурнал“ повикувајќи се на високопозициониран извор во американскиот одбранбен ресор.
„Тоа е долгорочен тренд, нема ништо ново во тоа“, објасни изворот на изданието.
Како што пишува весникот, зајакнувањето во Црноморскиот регион треба да се перципира како централен елемент на новата воена стратегија на Русија. Како што Москва веќе има изјавено, главната цел на стратегијата е отпор на ширењето на НАТО.
Некои американски експерти во последно време даваа изјави за тоа дека Русија се подготвува да испрати војска во „зоните на потенцијални конфликти“. Притоа експертите истакнуваа дека тоа не мора да води кон „неизбежни воени дејствија“, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче