ИДИЛ ја презеде одговорноста за нападот во Подмосковје

Терористите од таканаречената Исламска држава ја презедоа одговорноста за нападот на пунктот на сообраќајната полиција во Подмосковје, јавува агенцијата Ројтерс.

Терористичката организација Исламска држава (официјално забранета во Русија) ја презеде одговорноста за нападот врз дежурниот пункт на сообраќајната полиција во Подмосковје, пренесува новинската агенција Ројтерс.

Агенцијата се повикува на информациите објавени на екстремистичките ресурси.

Две лица вооружени со огнено оружје и со секири го нападнале пунктот на сообраќајната полиција во подрачјето на гратчето Балашиха, при што настрадаа двајца полициски службеници. Нападот бил одбиен, а напаѓачите ликвидирани, пренесува РИА Новости.

Како што е официјално соопштено напаѓачите се со потекло од Средна Азија. Еден од нив бил веднаш усмртен, додека вториот се спротивставил, а потоа се обидел да избега. Сообраќајниот инспектор кој за време на нападот бил ранет тргнал по него и го ликвидирал злосторникот. Нема жртви кај цивилното население. Полицајците ќе бидат предложени за одликување „за покажана вештина и решително дејствување во неутрализација на вооружени напаѓачи“, соопшти портпаролот на МВР Ирина Волк.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња