Холандија размислува за укинување на антируските санкции

Партијата на слободата на Холандија бара укинување на антируските санкции.

Партијата на слободата – третата политичка сила во Холандија – разработува предлог за референдум ист како „Брегзит“. Во случај да биде донесена одлука за прекин на членството на земјата во Европската унија, Хаг пред сѐ има намера да ги укине важечките санкции против Русија, пишува „Известија“ повикувајќи се на лидерот на партијата Герт Вилдерс.

Обновата на врските со Русија за политичарот е приоритетна насока за традиционално трговска земја како Холандија, истакна Вилдерс, додавајќи дека благодарение на соработката со Москва, Хаг ќе стане економски посилен.

Европската унија – експанзионистичкиот монструм – не треба да ѝ диктира на Холандија со кого земјата треба да има политички и економски односи, потенцира Вилдерс.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња