Во девет од вкупно 11 земји од поранешниот СССР, повеќето жители на возраст над 35 години, сметаат дека животот во Сојузот бил подобар отколку по неговото распаѓање. Ова го покажува студија на Спутник, а пренесува изданието „Взгљад“.
Во Русија 64% од испитаниците сметаат дека квалитетот на живот во СССР бил повисок. Во Украина со ова тврдење се согласуваат 60%, а највисок е процентот на луѓе кои мислат на тој начин се од Ерменија (71%) и во Азербејџан (69%). Учесниците во анкетата кои не го паметат животот во СССР (на возраст помеѓу 18 и 24 години), сметаат дека животот е поубав по распадот на СССР - во Русија уделот на овие млади е 63%.
Единствено жителите на Таџикистан (39% наспроти 55%) и Узбекистан (4% во однос на 91%) на возраст над 35 година сметаат дека по распадот на СССР животот станал подобар.
Податоците се добиени како резултат на анкети спроведени од агенциите ВЦИОМ, M-Vector, Ipsos, Expert Fikri и Qafqaz во 11 земји од поранешниот СССР во периодот помеѓу 4 јули и 15 август 2016 година. Вкупно во него учествувале 12.645 лица.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче