Украински олигарх стана најголем донатор на фондацијата на Клинтон

Лидери меѓу странските донатори на хуманитарната фондација на семејството Клинтон (Clinton Foundation) се државјани на Украина...

Лидери меѓу странските донатори на хуманитарната фондација на семејството Клинтон (Clinton Foundation) се државјани на Украина, а најголем меѓу нив е олигархот Виктор Пинчук. Ова го врди украинската новинарка Екатерина Колцова за изданието „Взгљад“ во средата (17 август).

„Според податоците на Вол стрит џурнал (The Wall Street Journal) најголемите донатори на фондацијата на Клинтон се претставници на најсиромашната земја во Европа - Украина. Во текот на 15 години (до 2014 година) како помош на семејството на политичарите се префрлени 10 милиони американски долари“, забележува „Обозреватељ“.

„Најголемиот донатор од Украинците е Виктор Пинчук (украински милијардер): според официјалните податоци на Фондацијата тој е во втората група донатори на организацијата“. Според Њујорк тајмс (The New York Times) од 2006 година Пинчук донирал на Фондацијата на Клинтон околу 13 милиони американски долари.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња