Со почетокот на новата академска година започнуваат и активностите на Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кој свечено беше отворен годинава. Новина за оваа учебна година е воведувањето бесплатни курсеви по руски јазик за сите заинтересирани граѓани на Република Македонија.
Од Рускиот центар при УКИМ известуваат дека идејата е да им се даде можност на сите оние што се заинтересирани за изучување на рускиот јазик да можат да го сторат тоа сосема бесплатно. Оттаму додаваат дека во програмата за изучување руски јазик се добредојдени сите граѓани без никакви ограничувања по која било основа.
Сѐ што треба да направите е да ја пополните пријава која може да се најде на сајтот на УКИМ (http://www.ukim.edu.mk/mk_
Редакцијата на „Руска реч на македонски“ ви посакува успех во изучувањето на рускиот јазик.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче