Се дозна како ќе изгледа новиот оклопeн транспортер БТ-ЗФ

Во Русија веќе е факт првиот експериментален примерок на новиот гасеничен оклопен транспортер БТ-ЗФ, пишува блогот bmdp

Во Русија веќе е факт првиот експериментален примерок на новиот гасеничен оклопен транспортер БТ-ЗФ, пишува блогот bmdp. Машината е разработена од Специјалното конструкторско биро за машиноградба (Курган), кое е дел од компанијата за корпоративно управување на концернот „Тракторние заводи“.

Она што се знае е дека БТ-ЗФ е гасенична подвижна блиндирана машина со вооружување, оклопна заштита и високо маневрирање. Намената ѝ е да ја зголеми мобилноста и заштита на единиците на маринците и на копнените сили. Интерес за неа веќе има покажано Индонезија.

На покривот на оклопниот транспортер има далечински борбени модул за контролирање ДПВ-Т со митралез со калибар 7.72 мм. За набљудување и нишанење е предвидена оптика со ласерски нишан. Во иднина може да се утврди практично секаков вид далечински боен модул за контролирање со митралези со калибар 12.7 мм, 14.5 мм и 40 мм.

Поголемиот внатрешен волумен на овозможува да се зголеми бројот на војници до 14 лица, а и удобноста е подобрена. Со БТ-ЗФ може да се превезуваат и поголеми товари муниција, апаратура и опрема кога оклопните транспортери се користи како окопници за управување и разузнавање.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња