Медиуми објаснија како европските фирми ги заобиколуваат санкциите за Крим

Компании од ЕУ продолжуваат да тргуваат со Крим и покрај санкциите, а бродови под европски знамиња влегуваат во пристаништата на полуостровот.

Компании од ЕУ продолжуваат да тргуваат со Крим и покрај санкциите, а бродови под европски знамиња влегуваат во пристаништата на полуостровот, покажуваат податоците на Центарот за истражување на корупцијата и организираниот криминал (OCCRP), пренесува РИА Новости.

Според истрагата за последниве две години во кримските пристаништа влегле 24 пловни објекти под знамиња на држави од ЕУ, 43 бродови, регистрирани во ЕУ и 22 пловила бенефициенти од ЕУ.

За да се заобиколат санкциите, фирмите користат различни трикови. Еден од нив е на бродовите да се користат знамиња на други држави, други прибегнуваат кон услугите на странски, трети, пак, едноставно ги исклучуваат системите за одредување на локацијата кога влегуваат во руските пристаништа.

Санкциите против Крим беа воведени за првпат во јуни 2014 година. Ограничувањата почнаа со забрана во ЕУ да се увезуваат стоки без украински сертификати; потоа ЕУ забрани во Крим да се внесуваат голем број стоки и целосно забрани инвестиции во економијата на Републиката.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња