Fox News: Обама го создаде силниот Путин, а не Трамп

Токму на Барак Обама треба да му е благодарен Владимир Путин за тоа што стана значајна фигура на светската сцена, пишува „Фокс њуз“ (Fox News) во својата статија, а веста ја пренесе во средата RT.

Токму на Барак Обама треба да му е благодарен Владимир Путин за тоа што стана значајна фигура на светската сцена, пишува „Фокс њуз“ (Fox News) во својата статија, а веста ја пренесе во средата RT. Според американското издание поради слабоста и нерешителноста на американскиот претседател рускиот лидер успеал да ја преземе водечката позиција во меѓународната политика.

Иако медиумите алудираат дека Доналд Трамп е во добри односи со Путин, токму Барак Обама му овозможи на рускиот лидер да стане силна политичка фигура, смета авторот на статијата Лиз Пик. Според неа, иако американскиот лидер се приклучил кон европските санкции и го предупредил Путин за неизбежна изолација по присоединувањето на Крим, рускиот лидер продолжува отворено да покажува непочитување кон САД. Независно од предупредувањата на Вашингтон, Москва започна да испорачува ракетни комплекси на Иран, а пред тоа Русија обезбеди азил на Едвард Сноуден.

„По инвазијата на Русија во Крим Обама вети дека 'ако Русија продолжи со сегашниот курс, изолацијата ќе се засили, санкциите ќе бидат поголеми и последиците за руската економија ќе бидат сериозни'. А што се случи во практика? Следната година државниот секретар Џон Кери се сретна со рускиот колега Сергеј Лавров 20 пати и два пати замина во Москва на средби со Владимир Путин“, пишува Лиз Пик.

Обама едноставно не може да си дозволи да се изолира од Путин, бидејќи загуби во борбата против Исламска држава и неговиот рејтинг нагло падна. Но, откако со тоа се зафати рускиот претседател, териториите контролирани од ИД почнаа да се намалуваат и рејтингот на Обама се зголеми.

„Путин има чесни замисли, независно од намалувањето на економијата и широката меѓународна осуда. Преку манипулации тој го принуди претседателот Обама да му овозможи да стане влијателен играч на меѓународната сцена“, заклучува авторот на „Фокс њуз“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња