САД се сомневаат дека руската база во Иран се користи незаконски

САД го разгледуваат прашањето дали е во согласност со резолуцијата на Совет за безбедност на ООН користењето на воената база во Иран од страна на Русија.

САД го разгледуваат прашањето дали е во согласност со резолуцијата на Совет за безбедност на ООН користењето на воената база во Иран од страна на Русија, соопштува РИА „Новости“ повикувајќи се на портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер.

„Доколку вестите за тоа (користењето на иранската база од страна на Русија) се точни, тоа може да биде прекршување на резолуцијата 22311 СБ ООН, која забранува продажба или испорака на борбени авиони на Иран без одобрение на СБ“, изјави дипломатот.

Во моментов, како што истакна Тонер, правниците на Стејт департментот „го проучуваат прашањето и се трудат да добијат што е можно повеќе детали“.

Претходно во вторникот, 17 август, Тонер изјави дека САД го сметаат за тажен фактот што Русија ја користи базата „Хамадан“ во Иран. Државниот секретар Џон Кери, според портпаролот, во текот на телефонскиот разговор со шефот на МНР Русија Сергеј Лавров изразил вознемиреност поради полетувањето на руските бомбардери од иранската авиобаза.

Пентагон соопшти дека Москва го известила Вашингтон за користењето на иранскиот аеродром при нанесувањето на ударите врз позициите на „Исламската држава“. „Тие нѐ известија за нивната операција и ние ја осигуравме безбедноста на нашите летови кога нивните бомбардери полетуваа кон своите цели и се враќаа назад“, изјави портпаролот на Пентагон, пренесува „Лента.ру“.

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња