„Не е според нашите прописи да му даваме совети на раководството на Стејт департментот на САД. Меѓутоа е тешко да се воздржиме од препораките за присуство на логика и знаење од основните документи на меѓународното право кај некои претставници на Стејт департментот“, изјави Конашенков.
Портпаролот на рускиот одбранбен ресор предлага да се направи „проверка на знаењата“ во Стејт департментот, почнувајќи од Резолуцијата 2231 на Советот за безбедност на ООН.
Во текстот на резолуцијата е наведена потребата од добивање дозвола од Советот за безбедност на ООН за продажба, пренос или употреба на борбени авиони во Иран, истакна портпаролот на Министерството за одбрана.
Тој исто така ги советува „претставниците на Стејт департментот да поработат со моливите на мапите“ за да сфатат дека Сирија претставува суверена држава.
„Убедени сме дека по добивањето оценка од страна на господин Мајкл Тонер (портпарол на Стејт департментот на САД) уништувањето на терористите на ИД и „Џебхат ан-Нусра“ во Сирија од страна на авионите на ВКС повеќе нема да предизвикува кај него „жалење “, додава Конашенков вели во соопштението за медиумите што го пренесува „Газета.ру“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче