Ирак го отвори својот воздушен простор за ВКС Русија

Премиерот на Ирак Хајдер ал-Абади ги наведе условите под кои на авионите на Воздушно-космичките сили на Русија им е дозволено да го пресекуваат воздушниот простор на земјата.

„Дадовме таква дозвола за борба со ИД во Сирија. Не сакаме да се мешаме во работите на Сирија, меѓутоа ИД убива ирачки граѓани, зазеде ирачки градови доаѓајќи од Сирија во Ирак. ИД е нашиот непријател. Го има и во Сирија, и во Ирак“, изјави ал-Абади, пренесува „Взгљад“.

Тој посети дека Ирак дал дозвола на меѓународната коалиција да лета по линијата на границите со Кувајт, Јордан и Сирија.

„Целта на таа дозвола беше да се даде можност за реализација на воени дејствија против ИД во Сирија. Тоа не е нешто ново“, истакна министерот.

Ал-Абади исто така зборуваше за условите на Ирак за прелет на руските ВКС над неговата територија.

„Отворивме определен коридор за руските бомбардери, меѓутоа не им дозволивме да летаат над ирачките градови. Коридорот што го отворивме минува паралелно со линијата на границата на определен дел“, соопшти тој.

Според премиерот на Ирак, за дозвола за прелет на ракетите е потребно одделно барање од страна на Русија.

„Дадов дозвола за прелет на бомбардерите, затоа што информацијата за нив беше многу јасна. Тие нанесуваат прецизни удари, избегнувајќи жртви меѓу цивилното население. Затоа ќе ги разгледуваме сите барања што се однесуваат на безбедноста на цивилното население во Сирија. Сирија е сосед на Ирак и ние сносиме определена одговорност за заштитата на цивилното население во Сирија“, потенцираше ал-Абади.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња