ФСБ откри детали за антитерористичката операција во Санкт Петербург

Единиците за специјални намени одговорија на стрелањето со огнено оружје од страна на терористите кои се забарикадираа во стан во Санкт Петербург, велат во управата на Федералната служба за безбедност на Русија.

Како што прецизираат од ФСБ, меѓу припадниците на безбедносните органи и меѓу цивилите нема повредени, пренесува РИА „Новости“, додека тројца терористи се ликвидирани.

Изворот претходно соопшти дека две лица се уапсени, а две ликвидирани. Освен тоа, медиумите пишуваа и дека е ранет еден припадник на ФСБ.

Во средата беше објавено дека органите на редот и мирот во една станбена зграда во Санкт Петербург спроведуваат антитерористичка операција. Во прес-службата на управата на ФСБ во Санкт Петербург прецизираа дека се работи за операција за апсење на лица осомничени за учество во незаконски терористички организации на Северен Кавказ. Очевидците велат дека околу 12 часот во стан на единаесеттиот кат на зградата одекнале силни експлозии.

Видеото од операцијата можете да го погледнете овде.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња