Една година суспензија за Федерацијата на Русија за кревање тегови

Меѓународната федерација за кревање тегови (IWF) по завршувањето на Олимпијадата 2016 во Рио де Жанеиро ќе ја суспендира на една година Федерацијата за кревање тегови на Русија (ФТАР), изјави првиот човек на IWF Тамаш Ајан.

IWF на 29 јули ѝ забрани на ФТАР да пријавува спортисти и технички делегати на Олимпијадата. Адвокатот на руските спортисти се обиде да ја оспори оваа одлука во Судот за спортска арбитража, меѓутоа колективната тужба беше отфрлена.

„По Олимпијадата во Рио ќе суспендираме низа земји. Тие земји ќе бидат Русија, Казахстан и Белорусија“, изјави Ајан, пренесува агенцијата „Франс Прес“. „Повторната анализа сѐ уште не е завршена, очекувам повеќе информации и претпоставувам дека уште неколку земји ќе бидат исклучени. Мислам дека ќе го објавиме тоа на рајот на септември или во октомври“.

Извршниот комитет на IWF на 22 јуни донесе одлука која вели дека, во случај повторните проверки на допинг-тестовите од Олимпијадите во 2008 и 2012 година дадат три и повеќе позитивни резултати, тогаш националните федерации кои ги претставуваат тие спортисти, ќе бидат дисквалификувани на една година.

Такви позитивни допинг-резултати има кај двајца руски спортисти од Олимпијадата во 2008 година, а од Олимпијадата 2012 година во Лондон повторно позитивни се уште петмина спортисти од Русија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња