Во Русија ги нарекоа блеф изјавите за „кражба“ на златниот медал на Украина

Претходно министерот за млади и спорт на Украина Игор Жданов по завршувањето на борбата во грчко-римски стил меѓу Русинот Чакветаѕе и Украинецот Белењук изјави дека на украинскиот борач му го украле заслуженото злато на Олимпијадата во Рио.

Тренерот на резервната репрезентација на Русија во борење во грчко-римски стил Тагер Салахетдинов ги нарече блеф изјавите на министерот за млади и спорт на Украина Игор Жданов за наводно нечесната победа на Русинот Давит Чакветаѕе на Олимпијада во Рио, соопштува „Зборува Москва“.

Стручњакот изјави дека 23-годишниот Чакветаѕе со чесна и сигурна борба го победил претставникот на Украина Жан Белењук. Според Салахетдинов, 25-годишниот Украинец е „интересен и добар“ спортист, меѓутоа, во моментов Чакветаѕе е посилен од него.

Министерот за млади и спорт на Украина Игор Жданов по завршувањето на борбата изјави дека на Белењук му го украле заслуженото злато на Олимпијадата.

Финалната борба во категоријата до 85 килограми се одржа во понеделникот, 15 август, и заврши со резултат 9:2 во корист на рускиот борач.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња