Украина не ги прекинува дипломатските односи со Русија

Украина нема намера да ги раскине дипломатските односи со Русија, изјави министерот за надворешни работи на Украина Павло Климкин.

Украина нема намера да ги раскине дипломатските односи со Русија, изјави во интервјуто објавено во „Дер Стандард“ во вторникот, 16 август, министерот за надворешни работи на Украина Павло Климкин.

„Имаме милиони Украинци во Русија за кои треба да се грижиме. Доколку Русија одлучи така (да ги раскине дипломатските односи), тогаш тоа е нејзина одговорност“, потенцираше министерот.

Покрај тоа, Климкин смета дека „Украина нема да се откаже од обидите да се договори со Русија во врска со Крим“.

Ден претходно министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров потенцираше дека Москва не е заинтересирана да ги раскине дипломатските односи со Украина, додавајќи дека тоа е крајната мерка. Според Лавров, „во моментов е најважно да не им се предаваме на емоциите, да не запаѓаме во некакви екстремни опции за дејствување“, пишува „Лента.ру“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња