САД работат на ласерско оружје за уништување хиперсонични ракети

Потпретседателот на најголемата американската компанија во сферата на одбраната „Локид Мартин“ Даг Греем, одговорен за реализација на програмата за создавање ракетни системи, зборуваше за плановите за создавање ласерско оружје за уништување непријателски хиперсонични ракети.

Греем изјави дека работата на Русија и Кина за создавање високоманеварски хиперсонични ракети претставува растечка закана за САД. Тој смета дека во врска со тоа американскиот систем за ПРО бара значително проширување и напори, пренесува „Вашингтон Фри Бикон“. Како што истакнува изданието, ракетите кои се тестираат во Русија и Кина, се способни да летаат на голема височина со брзина до 12 илјади километри на час, при што се способни да ги избегнуваат антиракетните системи, што ја прави борбата против нив крајно проблематична.

„Локид Мартин“ предлага борба против таквиот вид оружје на следниве начини. Прво, проширена верзија на противракетниот систем THAAD - THAAD-ER кој во моментов се конструира, во кој се користи двостепен пресретнувач со зголемена брзина, способен да ги стигне и уништи хиперсоничните ракети.

Второ, Греем предлага да се посвети внимание на ласерското противракетно оружје над кое работи неговата компанија. Се претпоставува дека ласерскиот зрак ќе може да ги уништува непријателските хиперсонични ракети практично на старт. Притоа ласерската платформа ќе биде сместена на беспилотно летало, способно за долготраен лет.

Во „Локид Мартин“ признаваат дека создавањето на таков вид противракетно оружје е оптоварено со големи технички сложености, но сепак, го сметаат овој вид на спротивставување на хиперсоничните ракети за најперспективен.

Греем смета дека за создавање ласерска ПРО ќе бидат потребни од 5 до 10 години.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња