Во вторникот руски бомбардери Ту-22М3 и Су-34 нанесоа удари врз позициите на терористичките групи „Исламска држава“ и „Џебхат ан-Нусра“ во сириските провинции Алепо, Деир ез-Зор и Идлиб, пренесува РИА „Новости“.
Министерството за одбрана на РФ истакнува дека руската авијација уништила пет големи магацини со оружје, муниција и запаливи материјали и лагери за обука на милитантите во околината на населените места Серакаб, Ел Баб, Алепо и Деир ез-Зор. Исто така, уништени се три командни места на терористите во близина на градовите Џафра и Деир ез-Зор.
Овие објекти биле логистика за милитантите кои дејствуваат во околината на Алепо, прецизираа од министерството.
По нанесувањето на ударите бомбардерите се вратиле во базата во Иран.
Министерството за одбрана на РФ претходно доби од властите на Ирак и Иран одобрение за реализација на маневри со примена на крстосувачки ракети „Калибар“, пренесе ИА „Регнум“.
Претходно медиумите соопштија дека руски стратешки бомбардери се распоредени во иранска база. Според нивните податоци, тоа ќе овозможи да се намали времетраењето на летовите во Сирија за 60%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче