На Крим откриена тврдина од античко време

Научниците на московскиот Институт за археологија на Руската академија на науките за време на ископувањата на Керченскиот полуостров открија кула и ѕидови на тврдина изградена пред повеќе од 2000 години, за време на Босфорското кралство.

Ископувањата се вршат во близина на селото Горностаевка (околу 1600 километри јужно од Москва) на Узунларскиот насип (исто така познат како Кимериски насип).

Археолозите сметаат дека насипот бил изграден во првата третина од III век п.н.е., а потоа во средината на I век од нашата ера, за време на владеењето на босфорскиот цар Асандер бил дополнително зајакнат - на него биле изградени стражарски кули. Во тоа време насипот можел да го штити основаното од страна на грчки колонисти Босфорско царство со главниот град во Пантикапеја (денес - Керч) од Скитите – владетели на основниот дел на Крим, пишува „Вести.ру“.

Оваа година ископувањата во атарот на селото Горностаевка почнаа поради проектирањето на магистралниот гасовод „Краснодарски крај – Крим“. Научниците истражуваа дел од насипот и курган кој се наоѓа до насипот. Во првиот месец на врвот на курганот беше откриена добро сочувана античка камена кула. Источно од кулата е беше откриено домаќинство со јами во кои имаше голем број артефакти од тоа време.

Истражувачите најдоа неколку гробници, вклучувајќи женски гроб од античко време со антички бокал и чинија, огледало од бронза, ѓердан и обетки.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња