Крим: Киев нема да се откаже од подготовка на нови диверзии

Киев нема да се откаже од организирање нови диверзии на Крим, правејќи обиди за дестабилизација на ситуацијата на полуостровот како што е акцијата за отпор на кримско-татарското движење, смета вицепремиерот на кримската влада Руслан Баљбек.

Вицепремиерот на Крим Баљбек изјави дека украинските власти сакаат да му покажат на целиот свет дека наводно кримските Татари се против обединувањето со Русија, но во пракса тоа нема ништо заедничко со реалноста, пренесува РИА „Новости“.

Вицепремиерот потенцираше дека украинските специјални служби продолжуваат со диверзантски активности против Крим исклучително поради отсуството на објективна информација во светот за животот на полуостровот.

„За официјален Киев е многу важно да му покаже на светот какви било факти за наводен отпор на кримските Татари. Со таа цел украинските специјали служби и радикалните политичари со сите сили ќе се обидуваат да му попречат на мирниот живот на полуостровот. Секој конфликт, без да се внимава на средствата, тие ќе го прикажат како наводно герилско движење на кримските Татари“, истакна Баљбек.

Тој исто така ги повика украинските политичари да престанат да гледаат во кримските Татари, кои веќе потполно се интегрирани во руското општество, како инструмент за своите криминални дејствија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња