Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер смета дека Русија и ЕУ треба да се зближат.
„Ние треба да го зачуваме дијалогот, со почитување и критички ориентиран на постигнување решенија“, изјави Штајнмаер, говорејќи на предавањето на Уралскиот федерален универзитет, пренесува РИА „Новости“.
Според него, во моментов нема конфликт меѓу Русија и Западот.
„Ние треба заедно да работиме и да го најдеме патот за соработка за Украина и Сирија“, додаде Штајнмаер.
Министерот изјави дека многумина на Западот сакаат зближување меѓу Русија и Европската унија.
„И јас спаѓам во тие луѓе“, потенцираше тој.
За понеделник, 15 август, е закажана средба во Екатеринбург меѓу шефот на МНР Русија Сергеј Лавров и шефот на МНР Германија Франк-Валтер Штајнамер.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче