„Се менуваше ситуацијата во однос на Сирија, и кога ќе си го поставите прашањето што би било доколку нашиот претседател не успееше да ги убеди и да ја реализира идејата за предавање и уништување на хемиското оружје. Таму буквално за еден ден имаше, ако можам да кажам само за крстосувачките ракети – 624, колку што се сеќавам, крстосувачки ракети кои беа подготвени да нанесат масовен удар врз Сирија“, изјави Шојгу за телевизијата „Русија 24“.
Тој додаде дека при нанесување на толку масовен удар би било извонредно тешко да се обнови државната структура во Сирија.
Шојгу исто така изјави дека Русија и САД се блиску до договор за почеток на заедничка борба против „Исламската држава“ во Алепо.
Тој изрази надеж дека договорот ќе помогне „на таа страдна земја да се воспостави мир и луѓето да можат да се вратат во своите домови“.
Во 2013 година во текот на преговорите во Женева Русија успеа да ги убеди САД за можноста за мирно решавање на кризата во Сирија која почна по примената на хемиско оружје во предградие на Дамаск. Страните се договорија за воено немешање и уништување на сириското хемиско оружје до средината на 2014 година, пишува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче