Руски бродови почнаа маневри во Средоземното море

Малите ракетни бродови „Серпухов” и „Зелен Дол” заедно со бродовите од постојаната оперативна формација на руската морнарица во Средоземното море реализираат артилериски и ракетни гаѓања во услови кои максимално одговараат на воени услови, истакна рускиот воен ресор.

Бродската ударна група на Русија почна тактички маневри во источниот дел на Средоземното море, соопшти прес-службата на Министерството за одбрана на РФ.

Маневрите се реализираат во рамките на планот за борбена обука на руската Воена морнарица. Се наведува дека во текот на маневрите ќе биде проверена способноста на силите на морнарицата за решавање кризна ситуација од терористички карактер, пренесува РИА „Новости”.  

Малите ракетни бродови „Серпухов” и „Зелен Дол” заедно со бродовите од постојаната оперативна формација на руската морнарица во Средоземното море реализираат артилериски и ракетни гаѓања во услови кои максимално одговараат на воени услови, истакна рускиот воен ресор.

Малите ракетни бродови „Серпухов” и „Зелен Дол” се бродови од модернизираната серија „Бујан-М“, опремени со најнови крстосувачки ракети „Калибар“. Со ракетите од оваа класа бродовите на руската воена морнарица вршеа ефикасни напади врз објектите на „Исламската држава“ во Сирија во 2015 година.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња