Гостувајќи на Полското радио тој изјави дека полската армија според неговото мислење мора да брои 150 илјади припадници, пренесува РИА „Новости“.
„Тоа е минимум кој мораме да го постигнеме во најскоро време за да можеме ефикасно да соработуваме со сојузниците во случај на вистинска закана по нашата независност. А треба да се каже дека таквата закана од исток навистина постои и на таква опасност нѐ изложува раководството на Руска Федерација“, нагласи Мацеревич и додаде дека секојдневно добива извештаи кои зборуваат за „влошена стратешка ситуација на исток“.
Според мислењето на полскиот министер, ситуацијата ќе се промени на почетокот а наредната година, кога на источното крило на САД ќе бидат распоредени силите на Алијансата и на САД. „Ако ја немаше одлуката на НАТО, според која на почетокот на 2017 година овде ќе има и НАТО сили и американски сили, нашата независност би можела навистина да биде под знак прашалник“, вели Мацеревич.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче