„Улогата на „Северен тек“, како реален испорачувач на чисто гориво, мислам, во Германија ја оценија и тоа се потврдува со тоа што паралелно со „Гаспром“ овој проект на своите акционери им го презентираат и ОМВ (OMV), „Шел“ (Shell) и многу други европски компании се заинтересирана страна за добивање договор за поставување на подводниот дел од цевководот“, изјави Лавров, пренесува РИА „Новости“.
„Ние не сакаме да го политизираме овој процес, а нашите полски колеги отворено се спротивставуваат на тоа да порасне во било која форма, како што велат тие, зависноста од Русија. А, знаете, зависноста е заемна, од нашиот гас зависат многу земји во Европа, ние никогаш никого не сме присилиле. Имавме проблеми со транзитот и „Северен тек 2“ ќе овозможи да се решат тие проблеми. Во суштина, тоа ќе биде гасовод кој директно ќе испорачува гас во земјите во Европа, без транзитни земји и мислам дека здравиот разум и економските причини овде ќе надвладеат над политиката“, изјави Лавров.
Полска на крајот на јули се спротивстави против формирањето на заедничко претпријатие на „Гаспром“ и неговите европски партнери за изградба на гасоводот „Северен тек 2“. Конечна одлука засега не е донесена.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче