Рубљата станува една од најсилните валути на пазарите во развој

Оваа година руската валута покажа „радикално зајакнување“, затоа што опстана во услови на пад на цената на нафтата, пишува агенцијата „Блумберг“.

Иако во 2015 година рубљата беше меѓу последните пет валути според своите показатели, годинава руската валута се пласираше на третото место. Во вториот квартал оваа година економската активност на Русија е намалена за 0,6 отсто во однос на истиот период минатата година, покажувајќи на тој начин квартално намалување од почетокот на 2015 година.

„Руската валута најверојатно ја очекува светла иднина, затоа што трговците со оптимизам гледаат на долгорочните перспективи на рубља од средината на 2014 година“, се наведува во статијата.

Додека заработката на пазарите падна под нулата на пазарите од Јапонија до Европа, Русија благодарение на основната стапка од 10,5 отсто стана популарно место за инвестирање на пари кои се земени евтино како кредит на други места.

„Рубљата станува една од најдобрите валути на пазарите во развој“, изјави аналитичарот на компанијата „ЈП Морган Чејс“ Сад Сидики.

Оваа година руската валута зајакна за 14 отсто и така демонстрираше најдобар показател меѓу пазарите во развој, по бразилскиот реал и јужноафриканскиот ранд.

„Ова е радикално подобрување во однос на јануари“, се наведува во статијата.

Глобалната трка за приход ѝ помогна на рубљата да опстане во услови на пад на цените на „црното злато“ во овој квартал. Цената на нафтата од марката „Брент“ од јуни падна за седум отсто, а рубљата зајакна за речеиси еден процент, пишува „Блумберг“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња