Политиката на Русија спрема Украина, нејзиното дејствување во Сирија и помирувањето со Турција го покажуваат стремежот на претседателот Владимир Путин да создаде околу Русија „нов амбициозен меѓународен поредок“, пишува во воведната статија „Големата игра на Путин: стратегија на три фронта“ главниот уредник на весникот „Ла Стампа“ Маурицио Молинари.
Анализирајќи ја активноста на руската надворешна политика во овие сфери, тој истакнува дека „Путин планира значително да го намали влијанието на САД“.
„Тој сака во Украина да ослаби довербата во Вашингтон како гарант на Источна Европа, во Сирија игра на демонстрација на големата борбена способност во борбата против џихадистите во споредба со коалицијата од повеќе од 60 земји под раководство на Обама, а во Турција има за цел да предизвика несогласувања во односите меѓу Анкара и НАТО“, истакнува италијанскиот политички аналитичар.
Молинари во врска со тоа укажува на имиџот на Западот кој се појавува во последно време, во кое Западот е поделен од противречностите во проблемите со мигрантите и тероризмот, во кое тој е економски ослабен и недоволно способен за лидерство во услови на протестни движења, како што покажа и референдумот за „Брегзит“ во Велика Британија.
Според главниот уредник на италијанскиот весник, Русија создава систем на привилегирани односи со многу земји чиј политички модел се разликува од западната демократија: од Белорусија до Турција, од Египет Иран и поранешните советски републики во Средна Азија. Притоа Москва користи различни инструменти за јакнење на своето влијание, вклучувајќи ги „енергетските инвестиции, военото присуство и мошне ефикасната демонстрација на руската „мека сила“, за што сведочи и популарноста на телевизијата РТ во арапскиот свет“, се наведува во статијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче