Медиум: Русија и Турција планираат да се ослободат од доларот

Економистите сметаат дека овој потег би овозможил брзо зголемување на ефикасноста на трговијата меѓу двете земји и дека би придонел за отворање нови работни места, пишува германскиот весник „Дојче Виртшафтс Нахрихтен“.

Се чини дека Русија и Турцијата планираат да се префрлат од американска валута на „домашна“, што би требало да ја поттикне трговијата и отворањето нови работни места, пишува „Дојче Виртшафтс Нахрихтен“.

За да ја напуштат трговијата во долари, Москва и Анкара сакаат да се префрлат на домашните валути при склучувањето билатерални договори и спогодби, пишува изданието.

Според зборовите на рускиот економист Андреј Чупругин, овој потег би овозможил брзо зголемување на ефикасноста на трговијата меѓу двете земји и би придонел за отворање нови работни места како во Русија, така и во Турција. Последниве години доаѓа до префрлање од долар на домашни валути во сферата на меѓународната трговија, особено во регионите како што се Кина, Јужна Кореја и Латинска Америка, истакнува аналитичарот.

Руско-азербејџанскиот економиста Нигјар Масумова укажува на тоа дека промената на валутата во тргувањето е сложена работа: „Тоа е сложен процес кој мора да има сериозна и сигурна политичка поддршка“. Масумова истакнува дека „Турција игра важна улога во транспортот на руските енергенси во Европа, додека Русија е важен пазар за турските производи“.

Како што се наведува во статијата, некои аналитичари сметаат дека Русија и Турција, за жал,  тешко ќе можат да го избегнат доларот како трговска валута. Па сепак, треба да се очекува во следните неколку години економските односи меѓу Русија и Турција да се стабилизираат, истакнува германското издание.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња