„Што се однесува до односите со Германија, ние им посветуваме приоритетно внимание. Не е наша вина што тие во моментов преживуваат не најмногу едноставен период“, изјави министерот на средбата со губернаторот на Свердловската област, пренесува „Взгљад“.
Лавров изјави дека е убеден дека „настаните како утрешниот – руско-германската летна школа во Уралскиот федерален универзитет, токму настаните од таков вид одговараат на прашањето како понатаму да се развиваат односите со Европа и со Западот во целина“.
„Тоа е основата – односите меѓу луѓето, меѓу младите луѓе, цивилното општество на нашата земја и странските партнери. Мојот колега и другар – министерот за надворешни работи на Германија Франк-Валтер Штајнмаер, споре мене, правилно ја разбира важноста на таквиот вид контакти. Во крајна мера, тој редовно доаѓа во Русија не само во официјални посети, туку и за да ги поддржи таквите иницијативи на ниво на цивилно општество“, истакна Лавров.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче