Фидел Кастро апелира да не се провоцира Русија

Лидерот на кубанската револуција Фидел Кастро ја предупредува меѓународната заедница да се воздржат од провокации кои можат да ги натераат Русија и Кина на употреба на нуклеарно оружје.

„Големите сили како Русија и Кина, не можат да бидат подложени на закани кои ќе ги принудат на употреба на нуклеарно оружје“, изјави Фидел Кастро за весникот „Гранма“, пренесува „Взгљад“.

Кастро исто така додаде дека народите на Русија и Кина се „народи со голема доблест и ум“.

Во саботата, 14 август, претседателот на Русија Владимир Путин му испрати телеграма со честитки на Фидел Кастро по повод неговиот 90 роденден.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.