Украинскиот претседател Петро Порошенко во текот на телефонскиот разговор со потпретседателот на САД Џо Бајден изјави дека Киев сака да избегне пораст на затегнатоста во односите со Москва, се вели во соопштението објавено на сајтот на претседателот на Украина.
Тој ги нарече обвинувањата на Москва по повод настаните на Крим од 7 август како „неосновани“, пренесува РИА „Новости“.
Покрај тоа, украинската и американската страна ја потенцираа важноста од реализација на „Минската спогодба“. Исто така, Порошенко и Бајден се согласија со потребата од продолжување на дијалогот за Донбас во „Нормандиски формат“.
Во средата ФСБ соопшти дека спречило на Крим терористички напади, подготвувани од главната управа за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина. Владимир Путин изјави дека се бесмислени средбите на „нормандиската четворка“ во такви услови.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче