Поклонскаја:Зошто Киев одбива да ја признае вмешаноста во настаните на Крим

Украинските власти продолжуваат да ја негираат својата вмешаност во подготовката на диверзии и терористички напади на територијата на Крим, затоа што кукавичлукот не им дозволува да го признаат она што го сторија, изјави јавниот обвинител на Крим Наталија Поклонскаја.

„Сето ова е во склад со актуелното злосторничко лице на украинското раководство. Тие уште на самиот почеток, кога на власт дојдоа со државен удар, го покажаа своето лице и сега само го потврдуваат својот кукавичлук. Тие дури и немаат храброст да го признаат она што го сторија“, рече Поклонскаја, пренесува РИА „Новости“.

„Украинската власт прво кришум наштетува, а потоа ја одрекува својата вмешаност“, рече Поклонскаја.

„Тоа е лицето на раководството, а не на целата земја, народот во Украина не ги поднесува и не ги доживува како лидери, затоа тие се плашат и со право се плашат, затоа што народот не можеш да го излажеш, тој е трпелив, меѓутоа трпението на украинскиот народ наскоро ќе заврши“, рече Поклонскаја.

Како што рече таа, на ниеден народ не му се потребни раководители-терористи, ниту раководители-убијци.

„Тие го убиваат сопствениот народ на југоисток, подготвени се да ги убијат сопствените луѓе, граѓаните на Украина, кај нас на Крим, кои спокојно одмораат и се радуваат што на Крим има мир и ред. Тоа е нивното кукавичко лице и кукавички став“, рече Поклонскаја.

Министерството за одбрана на Украина соопшти денеска на својот сајт дека диверзантите кои се уапсени на Крим не се соработници на нивниот ресор.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња